Вучиќ: Нема да има признавање на Косово

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи на Инстаграм по средбата со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина – Мирослав Лајчак, на која тема беше Косово.

„Зборувајте за иднината на Србија, а за Косово нема да има признавање! Во моментов разговарам со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан @miroslav.lajcak и со советниците за надворешна и безбедносна политика на Република Франција и Сојузна Република Германија, Емануел Бон и Јенс Плетнер, секогаш подготвени за компромисни решенија, во согласност со Уставот на Република Србија и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Нема откажување! Да живее Србија!“ – напиша Вучиќ на Инстаграм.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)

09.09.2022 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега