Вучиќ: Хронично сум болен, новинарите немаат врска со тоа

Претседателот на Србија, на прес-конференција, одговорил на коментарите дека новинар на N1 е виновен за неговото изненадно одење на ВМА.

Запрашан од новинарите N1 TV да ги прокоментира наводите дека новинарот на таа телевизија, Миодраг Совиљ е виновен што во петокот напладне бил примен во болница и дали е правилно да се обвинат новинарите, Александар Вучиќ одговорил: "Никаква врска нема човекот од вашата телевизија со мојата здравствена состојба". 

"Јас сум хронично болен човек", додал Вучиќ. Објаснил и дека на конференцијата дошол под терапија, целодневна, и дека тоа не е никаква тајна.

"Дали ми пречи кога некој што би требало да е новинар вели - немој да занимаваш со таа работа ако не можеш да ја поднесеш - можам. Се радувам бидејќи со помош на тие прашања полесно му ја објаснувам разликата меѓу вистините и лагите на народот", рекол Вучиќ.

"Па, мојата здравствена состојба нема никаква врска со N1. Тоа се мои проблеми. Не сум некој со најдобро здравје, но додека имам енергија ќе се борам. да не зборувам сега колкава е мојата преткомора, за тоа се потребни години, не еден ден, кој ми донесе толкава политичко задоволство", рекол Вучиќ.

Рекол и дека никогаш не бегал од прашања, бидејќи тие му даваат голема можност на најдобар начин да ги разоткрие невистините на некои медиуми и лагите на противниците.

"За мене не постои подобра можност од тоа да излезете со невистини и да ми овозможите простор да укажам на тоа колку немате аргумент. Суштината на успехот кој го имам досега е во тоа што никогаш не бегам, се кријам или ги ставам проблемите под тепих. И бидејќи се борам и одговарам, благодарение на вистината и аргументацијата секогаш победував без проблеми", рекол Вучиќ.

Според неговите зборови, секогаш така ги победувал противниците. "Секогаш бев и ќе бидам подготвен и нека не се радуваат, ќе ги победам сите заедно, со аргументи, бидејќи на повеќето не им дојдено до прашања, туку до маркетинг", заклучил тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега