Вучиќ го правда Заев дека ѝ верувал на ЕУ за вакцините

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во интервју за популарниот босански новинар Сеад Хаџифејзовиќ посочи дека македонскиот премиер Зоран Заев бил изманипулиран од претставниците на Европската Унија во однос на набавката на вакцините.

 

– Јас знам, мојот пријател Зоран Заев целосно се потпираше на ЕУ, бидејќи така му беше речено. Ние не се потпиравме на ЕУ, затоа што по неколку средби во Брисел, и покрај истите ветувања дека Ковакс механизмот ќе биде во ред, јас сфатив дека тие работи треба да се бркаат и билатерално – рекол Вучиќ, пренесе „360 степени“.

Тој вели дека им дал насоки на одговорните во Владата на Србија билатерално да се договараат со Американците и веднаш да се потпишува договор со „Фајзер“.

– Јас бев во Брисел и тие ми кажаа дека Ковакс-програмата е во подготовка и ќе биде реализирана. Јас ги прашав кога ќе се реализира? Тие ми кажуваат, знаете тоа ќе биде, ЕУ е најмоќна сила во светот. Јас им велам се тоа го знам, но кога ќе биде тоа – вели тој.

Јас сум сепак многу искусен и доволно стар, вели Вучиќ, и сум поминал низ многу работи, поминав низ силни притисоци додека ја договаравме Бриселската спогодба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2021 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега