Вучиќ го пофали Ковачевски: Тој е добар домаќин, сака да придонесе да го решиме проблемот со Косово

Му се заблагодарив на мојот пријател Димитар Ковачевски за тоа што како добар домаќин сака да придонесе кон конструктивното продолжување на дијалогот, напиша српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм по денешната средба со премиерот Ковачевски во Охрид.

Како што јави дописиникот на МИА од Белград, Вучиќ престојува во Охрид за да учествува на средба на високо ниво во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, чиј домаќин е премиерот Ковачевски.

Ковачевски претходно се сретна и со косовскиот премиер Албин Курти, како и со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеф Борел и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак. 

18.03.2023 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега