Вучиќ ги воодушеви Кинезите: Видеото од вакцинацијата емитувана во Кина- „Тој е наш пријател“

Вакцинацијата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ,вчера стана вирална низ НР Кина откако ја прими првата доза на вакцината против коронавирусот на „Синофарм“

Познатата кинеска телевизиска компанија „ЦЦТВ њуз“ објави снимка од вакцинацијата на оваа социјална мрежа и ги пренесе зборовите на Вучиќ „Се чувствувам одлично“.

Имено, новинарот кој го сними моментот на вакцинирање, го праша претседателот како се чувствува по приемот на првата доза, на што тој кратко одговори: „Се чувствувам одлично!“

Неговиот израз на лицето ја покажува топлината на неговото срце, тој е наш пријател на прв поглед, овој човек е голем пријател на нашата голема Кина, да живее српско-кинеското пријателство, сакам да се врати во Кина, ова се само некои од коментари кои го покажуваатвоодушевувањето од српскиот претседател.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2021 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега