Српскиот претседател Александар Вучиќ испрати моќна порака до граѓаните – Србија има доволно ресурси за да се справи со глобалната криза. Тој најави дека денеска ќе биде дадена наредба за издвојување на 40.000 тони нафта од државните резерви, со цел да се спречи драстично поскапување на горивата на бензинските пумпи.
„Не паничете и не купувајте канистри, имаме нафта! Ослободуваме резерви за луѓето да не плаќаат 250 динари за литар дизел. Никогаш никого не сум излажал – кога велам дека имаме, тогаш навистина имаме“, дециден е Вучиќ.
Претседателот нагласи дека Србија, пропорционално на бројот на жители, располага со најголеми резерви во регионот и дека државата ќе го изнесе „сè она што се чувало во фиоки и сандаци“ за да се спречи инфлаторна спирала.


