Вучиќ ги прифатил критиките од Вархељ

Еврокомесарор за проширување Оливер Вархеји на денешната средба во Белград со српскиот претседател Александар Вучиќ, покрај презентација на Инвестицискиот план на ЕУ и Извештајот за Србија, воделе разговори и за замерките кои ЕУ ги има кон Вучиќ, во поглед на состојбата со демократијата во Србија.

 

Како што јави дописникот на МИА од Белград, за ова српскиот претседател говореше на прес конференцијата по средбата, кој кажа дека отворено разговарале за „неговите пропусти”, додавајќи дека истите „ги прифаќа и дека е одговорен за нив”.

-Замерките кон мене се дека сум виновен што воведов строг полициски час за време на пандемијата, прекумерната употреба на сила за време на протестите пред српското собрание, виновен сум за односите со Русија и Кина, набавката на воениот систем Панцир, за друго, за користење на претседателската функција на изборите и за состојба со демократијата во Србија, јас сум за се виновен, а сега јас ќе се потрудам да набавам беспилотно летало од една проблематична земја, кажа Вучиќ.

Еврокомесарот Вархеји не говореше на пресот за оваа тема, но посочи дека „ја охрабрува владата да спроведе реформи, кои треба да одат паралелно со најавениот инвестициским план на ЕУ.

-Ја истакнуваме важноста на владеењето на правото и подготвени сме за ангажман да ја забрзаме работатат на владата, за да можеме да отвориме нови поглавја со Србија на нејзиниот европски пат, изјави Вархеји.

Тој говорејќи за Инвестицискиот план на ЕУ, кажа дека идејата за „мини Шенген” и е потребна на регионот и дека средствата на овој план треба да се искориста и за ова иницијатива, посочувајќи ги како успешни „зелените коридори” кои функционираа за време на пандемијата.

 

Тој наведе дека „ЕУ го исполнува она што го ветува”, поради што Инвестицискиот план е нова стратегија и најважен дел пред се за граѓаните на Западен Балкан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.10.2020 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа