Вучиќ: Една голема сила ќе бара повлекување на КФОР и УНМИК од Косово

Имам разузнавачки информации, кои ме загрижуваат, а тоа е дека голема сила ќе побара повлекување на КФОР и на УНМИК од Косово, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, по посетата на касарната во Дедиње.

“Тоа би било катастрофа за нас и не знам дали сте свесни што би значело тоа. Јас ќе го замолам Столтенберг да го искористи своето влијание за да спречи тоа да се случи”, рече Вучиќ.

Тој обајсни дека го очекуваат важни состаноци, односно дека претседателот на Словенија утре ќе ја посети Србија но и дека Вучиќ ќе оди во таа земја, на самит, каде треба да се состане со лидерите од регионот, но исто така со Вљоса Османи.

„Оттаму, одам директно во Брисел, а вечерта ќе се сретнам со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на вечера, и тој разговор ќе биде многу важен“, рече Вучиќ.

Тој исто така рече дека не може да каже за која земја станува збор, но и дека тоа се разузнавачки информации од официјални извори.

Вучиќ рече дека средбата со Столтенберг е од особено значење.

Тој додаде дека Приштина најави дека годишно ќе издвојува 100 милиони евра за армијата, што е неспоредливо со Србија, која е на ниво од две милијарди евра.

„Овие податоци не може да се споредуваат и не треба да се плашиме, но јасно ни е што некој би сакал да направи“, рече Вучиќ.

МАКФАКС

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2021 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега