Вучиќ: Договорот за железнички сообраќај меѓу Белград и Приштина ќе биде потпишен утре

Утре во Минхен ќе биде потпишан Рамковниот договор за железничкиот сообраќај меѓу Белград и Приштина, најави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој по состанокот со претседателскиот претставник на САД, Ричард Гренел изјави дека договорот ќе биде потпишан утре изутрина од директорот на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ и истакна дека договорот е од големо значење бидејќи ќе овозможи слободен проток на луѓе и стоки.

– Ќе го направиме тоа по правила и процедури. Кога ќе се воспостават железничката и авионската линија како и автопатот ќе се воспостави и слободното движење на луѓето и робата и затоа е важно укинувањето на таксите за роба од централна Србија, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека е благодарен на Гренел бидејќи инсистира на укинување на царините.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2020 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега