Вучиќ: Денеска уште поголем број на заразени, имам да им кажам 2 важни работи на граѓаните на Србија

Денеска ќе имаме уште поголем број на заразени со коронавирус, изјавил претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој е во посета на Бања Лука.

Белград и Нови Сад, тоа се, како што вели тој, жаришта на вирусот како последица на простестите. Тоа го знаевме и очекувавме, рече Вучиќ.

Се надевам дека ќе го надминеме овој најлош период пред крајот на оваа седмица.

-Очекувам до сабота да завршиме со доцнењето на резултатите од тестовите. Тестираме најмногу, девет пати повеќе од другите земји во регионот. А, ќе тестираме уште - рекол Вучиќ и додал дека очекува резултатите да стигнат за 24 часа.

„Ние ќе ја завршиме нашата работа, а останататото е на луѓето и нивната одговорност“, рекол Вучиќ и додал дека има две важни вести за граѓаните.

Првата е тоа дека Србија е во преговори со една земја која развива вакцина против коронавирусот и дека се надева дека таа вакцина ќе ја добие пред крајот на оваа година.

Друга е тоа дека нигде во светот не е лесна ситуацијата, но дека во Србија е полесна отколку било каде во Европа.

-Луѓето нека ги трошат парите слободни, бидејќи нема да недостасуваат ниту плати ниту пензии - рекол тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2020 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега