Вучиќ: Албанците да добијат сѐ, а Србија ништо, мој потпис нема да добијат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рекол дека не заминал на разговори во САД за да ја менува неодамна донесената одлука на САД за независноста на Косово. Истакнал дека со Приштина може да разговара за се ако станува збор за компромис.

Александар Вучиќ во интервју за Гласот на Америка, говорејќи за разговорот со американскиот државен секретар Мајк Помпето, рекол дека добил одговор дека Америка ќе се залага за укинување на таксите.

Се осврнал и на претстојните избори во Косово и рекол дека е тешко да се предвиди нивниот конечен исход и како работите ќе се движат за време на кампањата.

-И да се изврши притисок и да се започнат разговорите, сметајте дека ако на 6. октомври таму има избори, најверојатно во декември ќе се формира новата влада во Приштина, и тогаш би требало да се очекува силен притисок за отпочнување на суштински дијалог меѓу Белград и Приштина - рекол претседателот.

Истакнал дека Белград мора да се бори, но и да го разбере ставот на Америка.

-Затоа што јас не можам да прифатам што читам во нашите медиуми, неретко во моедиумите за кои велат дека ја поддржуваат политиката на владата, а за другите да не зборувам. Критикуваат се што ќе им падне на памет без никакво размислување и сериозен пристап, а тоа е дека Трамп ја променил политиката, само да не остане вака. Луѓе, тие го признаа независно Косово, тоа е нивна политика, нема да се промени. Она што ние го бараме е да се бориме за своите интереси, да извлечеме најмногу што можеме за нашиот народ во Косово и Србија. Тоа е нешто што луѓето треба да го разберат - истакнал Вучиќ.

Порачал дека не сака да изигрува национален херој и да каже дека се е променето.

-Луѓе, нашата ситуација е тешка, нема да биде полесна во наредниот период, напротив, но се боревме досега, покажавме дека земјата може да ја туркаме драматично напред и во економска и во политичка смисла. Она што мислам дека е добра последица за сите разговори кои ги имав во САД, а може повторно ќе дојдам за еден месец па ќе имам уште разговори со сите светски државници, е дека сакаат да не слушнат. Дека сакаат да слушна што Србија има да каже, што е тоа што не можеме, а што е тоа што сакаме да го правиме, каква е иднината на Балканот, како ние го гледаме напредокот на српската економија, зошто е тој важен за сите да не ни заминат во Америка, Германија, Швајцарија, Австрија итн - додал претседателот на Србија.

На прашањето дали тој ќе биде политичарот кој ќе го признае Косово, рекол дека на тоа прашање одговорил повеќе пати.

-Може да разговараме за се само ако станува збор за компромис. А, за тоа Албанците да добијат повеќе, а Србија да не добие ништо - мој потпис нема да добијат никогаш. Ни моја поддршка за тоа нема да имаат. Во овој момент сум претседател на Србија, може да пронајдете друг ако сакате без никакви компромиси, следејќи само ултиматуми, тоа да го прифати - порачал Вучиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2019 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега