Српскиот претседател Александар Вучиќ, за време на денешната обиколка на работите на Дунавскиот коридор кај Голупац, најави дека Србија влегува во период на забрзан економски развој. Тој истакна дека 2025 година била предизвикувачка, но дека веќе од следната година очекува земјата да биде меѓу најуспешните во Европа.

„Очекувам стапка на раст од повеќе од три проценти од следната година. Србија ќе биде една од најдобрите земји во Европа“, порача Вучиќ, нагласувајќи дека државата мора да ги заврши сите капитални проекти за да го промени својот лик.

Во делот на инфраструктурата, претседателот откри амбициозни планови за железницата. На делницата низ Грделица минималната брзина на возовите ќе изнесува 120 км/час, додека на останатиот дел од пругата ќе се движат со 160 км/час. Вучиќ потенцираше дека обемот на проектите е огромен, но дека државата ќе го издржи тој темпо на изградба.

Exit mobile version