Вторник неработен ден за Македонците - пред нас се 6 продолжени викенди

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2021 година (вторник), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.

До крајот на годината ни остануваат  уште шест продолжени викенди: споениот викенд со петок и понеделник неработни денови за Велигден, потоа празникот Рамазан Бајрам кој паѓа во понеделник на 13. мај и со тоа добиваме продолжен викенд, празникот Св. Кирил и Методиј исто така паѓа во понеделник на 24. мај, како и 2. август, но и 11, Октомври кои паѓаат во понеделник и се добива продолжен викенд. Празникот Духовден се паѓа во петок, на 18 јуни и со тоа се добива споен викенд. 

Ова се неработните денови до крајот на годината:

За сите граѓани на РМ

• 1 мај (сабота), Ден на трудот,

• 3 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

• 13 мај (четврток), Рамазан-бајрам, првиот ден на Рамазан-бајрам,

• 24 мај (понеделник) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители,

• 2 август (понеделник), Ден на Републиката,

• 8 септември (среда), Ден на независноста,

• 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание,

• 23 октомври (сабота), Ден на Македонската револуционерна борба,

• 8 декември (среда), Св. Климент Охридски,

За граѓаните од православна вероисповед

• 30 април (петок), Велипеток, петок пред Велигден,

• 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

• 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 5 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

• 1 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,

• 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 20 јули (вторник), Курбан-бајрам, првиот ден на Курбан-бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (понеделник), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (среда), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 8 април (четврток), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (недела), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2021 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега