Врнежи од снег во Македонија - ЈП „Македонијапат“ со апел до возачите

Врнежи од слаб снег денеска има на Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Буково, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопшти ЈП „Македонијапат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2020 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега