Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР.
Во Скопје, претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.
Следува период на променливо облачно време со умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, освен во понеделник кога ќе има услови за слаби врнежи од дожд.


