Времето се менува - Доаѓа и снегот

Претпладнево времето во Македонија ќе биде со магла или ниска облачност по котлините, попладне сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб, до повремено умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени.

Утре ќе биде претежно сончево со локална облачност и со услови за појава на утринска магла по котлините. Потоа ќе преовладува променливо и врнежливо време.

Од ноќта кон вторник од запад ќе започнат врнежи од дожд, кои на планините ќе бидат од снег.

Од вторник кон крајот на денот на запад и на север дождот ќе поминува во снег и на повисоките места. Овие врнежи повремено ќе се поинтензивни (над 25 л/м2) особено во западните делови и на југ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2019 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега