Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската појава на магла се очекува во претпладневните часови, пред сѐ по одделни котлини.

Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура изутринава се движеше во интервал од -4 до 4 степени, додека дневната максимална температура се очекува да достигне од 8 до 15 степени Целзиусови.

Во главниот град, Скопје, се предвидува сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне, во одредени делови од котлината, ќе има појава на магла. Минималната температура во Скопје се спушти до -1 степен, а максималната дневна температура ќе достигне до 11 степени Целзиусови.

Според најавите од УХМР, од утре, вторник, се очекува промена на временската состојба. Ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини, врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Како и денеска, во претпладневните часови и утре по одделни котлини ќе има појава на магла.

Exit mobile version