Денееска сончево време со мала до умерена облачност. Според метеоролозите, во утринските часови по одделни котлини е можна појава на магла, а во текот на денот ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Температурите ќе се движат од минимални -6 до максимални 13 степени. Во Скопје се очекува слично време, тивко и сончево, со температура до 9 степени.

Од УХМР најавуваат промена веќе од утре:

„Викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.“

Дневните температури ќе бидат во опаѓање, додека стабилизација и суво време се очекува од почетокот на следната седмица.

Exit mobile version