Времето денеска во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, но во попладневните часови се очекува развој на нестабилна воздушна маса.

Според официјалното соопштение од Управата за хидрометеоролошки работи, попладнето носи ризик од локални поројни врнежи и дестабилизација на атмосферата.

„Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи“, се наведува во билтенот.

Вредностите на термометрите денеска ќе бидат високи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Нестабилноста во попладневните часови ќе продолжи да биде присутна на територијата на државата и во текот на следните два дена.

„Според прогнозата на УХМР, утре и задутре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град“.

За сите оние кои планираат активности на отворено, синоптичарите најавуваат целосен пресврт и стабилизација на временските прилики веднаш по завршувањето на работната недела.

За време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.

Exit mobile version