Денеска нè очекува променливо облачно време со сончеви периоди, додека во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Според синоптичарите, ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Температурите ќе се движат во интервал од 3 до 10 степени наутро, додека максималната дневна ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје времето ќе биде слично – променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови, во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Променливото време со повремени локални врнежи ќе продолжи и во следните денови. Во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. За сабота се најавуваат поинтензивни процеси во форма на невреме, проследено со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


