Денеска не очекува променливо облачно време, со повремени локални врнежи од дожд во претпладневните часови, додека кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина од над 60 километри на час.

Минималната температура ќе се движи од 0 до 5 степени, додека максималната ќе достигне интервал меѓу 13 и 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а претпладне се очекува слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали, а ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од минимални 4 до максимални 19 степени.

УХМР најавува дека во понеделник наутро ќе биде ведро и постудено, со температури кои на места ќе се спуштат под нула, додека во текот на денот ќе биде сончево. Од вторник следува променливо облачно и топло време со сончеви периоди и умерен јужен ветер, а кон крајот на седмицата повторно се очекуваат локални врнежи од дожд.

Exit mobile version