Времето денеска променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Според прогнозите, попладне и во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд, пред сè во јужните и западните делови од земјата.

Особено внимание треба да се обрне на ветерот. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, чија брзина ќе надминува 60 километри на час. Максималните температури ќе се движат во интервал од 17 до 22 степени, додека минималните ќе се спуштат до 4 степени.

Во Скопје претпладнето ќе биде сончево, но попладне се очекува зголемување на облачноста проследено со умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од 8 до 21 степен.

Од УХМР најавуваат продолжување на променливото време.

„До четврток времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток во источните делови кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи“, соопштуваат од Управата.

За крајот на неделата се очекува облачно време во петок, додека сабота носи разведрување и сончеви периоди со слаб северен ветер. Веќе во недела попладне повторно се очекуваат услови за дожд во западните делови.

Exit mobile version