Денеска (вторник) ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и ниски утрински температури. Во западните делови се очекува повремен локален дожд и умерен до засилен ветер од јужен правец.

Температури за денеска:

Максимална: од 10 до 16 степени

Минимална: од -1 до 6 степени

Под влијание на циклонска активност, од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.

Најголеми врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе почнат да преминуваат во снег. Од среда, ветерот ќе го промени правецот во северен.

Во Скопје времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и југоисточен ветер. Утринска 2, максимална 13 степени.

Exit mobile version