Македонија останува под влијание на стабилна воздушна маса која носи студени утра и магловито време. Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди, но претпладне видливоста ќе биде намалена поради магла во повеќе делови од земјата.

Температурите ќе се движат во интервал од -5 до 1 степен наутро, додека во текот на денот максимумот ќе достигне до 14 степени. Во Скопје времето ќе биде тивко и облачно со утринска температура од -3 степени и дневна до 8 степени.

УХМР предупредува на појава на магла во делови од скопската котлина, што бара внимателно управување со возилата.

Exit mobile version