Времето денеска потопло од вчера - за викенд најавена промена

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претпладне во западните делови од земјава ќе има услови за повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 7 до минус 2, а дневната од минус 4 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.  Утринската температура ќе се спушти до минус 5, а дневната ќе достигне до 6 степени.

Ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, а на планините на северозапад од снег со променлив интензитет. За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Поради јужното воздушно струење ќе има пораст на утринските и дневните температури, што ќе предизвика побрзо топење на снегот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 08:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега