Циклон од истокот на регионот во следните денови ќе донесе облачно и посвежо време во Србија, со врнежи од дожд и снег на повисоките планини.
Во петок дожд се очекува во источниот, централниот и јужниот дел од земјата, а на планините над 1.500 метри ќе паѓа снег. За викендот се прогнозира стабилизација, при што во недела ќе биде претежно сончево со температури до 20 степени.
Максималните температури утре ќе се движат од 15 до 20 степени, а во петок ќе ослабнат и ќе изнесуваат од 12 до 16 степени. Врнежите нема да бидат обилни, а температурите ќе останат во рамките на просекот за средината на октомври.
Ново заладување со повремени врнежи од дожд и температури до 15 степени метеоролозите најавуваат за средината на следната недела.


