Продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска ќе донесат драстична промена на времето. Врнежите од дожд, кои се веќе присутни, во текот на денот ќе преминат во снег на повисоките места, но и во некои од пониските делови на државата.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, додека помала покривка се очекува и во пониските населени места. Температурите ќе се движат од минимални -2 до максимални 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Врнежи од дожд се очекуваат особено кон крајот на денот и во текот на ноќта, придружени со умерен северен ветер. Дневната температура во главниот град нема да надмине 5 степени.

