Временска прогноза: Сончево и топло, а попладне се очекува дожд и ветер

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а веќе попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура до 8 и максимална до 25 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево и потопло време, со ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи во попладневните часови. Понестабилно време се очекува во сабота.

10.05.2022 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега