Временска прогноза до крајот на месецов - метеоролозите информираат кога да очекуваме заладување

Натпросечното топло време со многу високи температури на воздухот за овој период од годината и официјално ќе се задржи до крајот на месецов. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степен. Мал пад на истите ќе има од четврток, па за време на викендот, информира метеорологот Славчо Попоски.

Ваквото време и тоа како многу лошо ќе се одрази кај поголем дел од граѓаните каде расте опасноста од појава на вируси.

Промена на времето можна е некаде околу 30, 31 октомври односно на самиот крај на овој и почетокот на ноември месец.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега