Вработените во СЈО земаа плата - УЈП ја замени Јанева

Откако три месеци беа без плата и здравствено осигурување, вработените во СЈО во текот на вчерашниот ден конечно биле исплатени, потврдуваат од СЈО за „Фокус“. На нивните сметки легнале платите за септември и октомври.

 

Платите беа блокирани бидејќи никој друг освен поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева немаше овластување да ги потпише. Но, по неколкумесечната блокада, платата на стручните соработници и техничкиот персонал била исплатена преку УЈП.

Засега е не се знае дали и долговите на СЈО за струја, кирија, парно, телефон ќе се исплатат преку УЈП.

СЈО има буџет, но трансакциите запреа по разрешувањето на Јанева, која е обвинета во случајот „Рекет“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега