Синдикатот на работниците во комуналните дејности СУТКОЗ и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ја алармираат јавноста дека состојбата во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје е загрижувачка, со повеќемесечно доцнење на платите и сериозен недостиг од возила за собирање отпад и резервни делови за нив.
Според нивното соопштение, платите на вработените неколку месеци се исплаќаат со задоцнување, иако на сметката на претпријатието редовно пристигнуваат средства од наплатата на сметките од граѓаните.
„И покрај тоа што се доцни со исплатата на платата за септември, вработените редовно ги извршуваат своите задачи со ограничени ресурси“ – велат од СУТКОЗ. На состанокот на синдикатот кој се одржал вчера иако поканет директорот на комуналец не дошол а вработените велат дека прават се што можат со ресурсите кои им стојат на раполагање