Вработените во градинките кои штрајкуваа ќе земат намалени плати за април

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска соопшти дека вработените во градинките кои штрајкуваа нема да земат цела плата за месец април.

-Директорите и книговодителите ја подготвуваат платата согласно законот. Наоѓаме решение внатре во законот како да го решиме овој проблем. Во моментов оваа плата ќе ја земат намалена, но заедно со СОНК, правниот тим во МТСП ќе изнајдеме решение како носителите на дејноста, негуватиле и воспитувачите и имајќи во предвид дека правото да бараат поголема плата и штрајкот е нивно уставно право, ќе изнајдеме решение за сето тоа во наредните месеци да им биде рефундирано, рече Тренчевска после средбата со СОНК.

12.05.2022 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега