Вработените во „Џонсон Мети“ одат дома

Вработените во гигантот од слободните економски зони „Џонсон Мети“ се известени од утре да не доаѓаат на работа. Преку електронска пошта биле известени дека произведувачот на катализатори нема да работи 30 дена, јавува „Фактор“.

Во моментов странскиот инвеститор вработува 1.000 вработени, а познат е по тоа што во Македонија остварува убедливо најголема добивка - 97,77 милиони евра во 2018.

„Џонсон Мети“ е најголема компанија во земјава, и меѓу домашните и меѓу странските фирми, со обрт од милијарди евра. Во исто време, „Џонсон Мети“ е и најголем извозник од Македонија со околу една четвртина во вкупната структура на експортот.

Автомобилската индустрија во Европа привремено не работи, а во Македонија официјално „Кромберг и Шуберт“ и „Дракслмаер“ објавија дека нема да испорачуваат делови овој период.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2020 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега