Вработена во месарница со тешка повреда однесена во Градската болница

 

Вработена во месара во Скопје се здобила со тешки телесни повреди додека работела со машина за месо.

-Вчера во 10:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во месарница на ул. Максут Садик во Скопје при извршување на редовни работни задачи со машина за мелење на месо поради невнимание се повредила вработената С.М.(47) од Скопје, по што од доктор во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. За настанот е известен трудов инспектор - соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа