Вработен во МНТ итно пренесен на Клиника
Вработен во Македонскиот Народен Театар доживеал несреќа додека работел и итно бил префрлен на скопски Клиники.
МВР информира дека околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Македонскиот народен театар во Скопје, 35-годишниот В.Ч. од Скопје, вработен како светло-техничар, додека изведувал работни задачи, паднал од висина и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза’’.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
21.11.2019 - 11:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа