Вработен во македонската полиција испукал куршум од службено оружје

Вработен во МВР денеска околу 15:15 часот во просторија која ја користи Агенцијата за национална безбедност, сместена во Полициската станица во Прилеп, испукал куршум од службеното оружје во подот. Како што информира, Тони Ангеловски, портпарол на МВР, од испукувањето нема повредени, а е причинета незначителна материјална штета.

-Вработениот во МВР, со иницијали З.М. денеска во просторијата што ја користи Агенцијата за национална безбедност, од службеното оружје, пиштол, испукал еден куршум во подот. Од испукувањето нема поврдени, а е причинета незначителна материјална штета. За случајот известен е јавен обвинител и е извршен увид на местото на настанот, соопшти Ангеловски.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Прилеп преземаат мерки за расчистувањето на настанот.

За овој настан постојат неофицијални информации дека, од една страна вработениот не бил задоволен од прераспределувањето, а од друга, испукувањето се случило ненамерно при раздолжувањето со службениот пиштол.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 21:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега