Вработен во црква и татко на 2 ќерки е жртва на напаќаот во Ница - ја отворил катедралата, а половина час потоа бил убиен

Француските власти откриле повеќе детали за жртвите на нападот во Ница.

Еден од тројца убиени во катедралата Нотр Дам бил 55-годишниот Винсент Лок и работел како црковен домар.

Многумина кои го познавале истакнале дека бил многу симпатичен и предан работник. Зад себе оставил две ќерки. Во црквата работел 10 години.

Како и секое утро, вратата во катедралата ја отворал во околу 08:30 часот, кобниот четврток не знаел дека само половина час во црквата ќе влезе Брахим Осо кој го избодел со нож. Лок починал на лице место.

„Цкрвата беше како негова дневна соба, постојано беше таму. Водеше сметка за свеќите. Терористот сигурно го нападнал од зад грб“, рекол еден мештанин.

Како што пренесуваат локалните медиуми, Лок прво работел во семејната фирма, но после една трагедија одлучил да тргне по друг пат и ѝ се посветил на црквата.

Да потсетиме, напаѓачот влегол во црквата и прво ѝ го пресекол вратот на 60-годишна жена, после што го убил и Лок. Уште една жена била избодена, но успеала да избега од црквата, па починала од здобиените рани во блиското кафуле каде се засолнила.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2020 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега