Вознемирувачко видео: Вработен како обезбедување со силен удар во глава нокаутирал жена пред продавница во Нов Белград

Човек со глава удира жена во лице и таа тешко повредена паѓа.

Снимка од безбедносна камера поставена пред една продавница во Нов Белград откри ежок инцидент кој на 24. септември се случил во околу 19:20 часот.

Работник во „Атлас обезбедување“ со силен удар буквално го нокаутирал А.М., па иако таа немоќна лежела, тој продолжил да ѝ се заканува.

До вербална расправа, а потоа и физички напад дошло поради дете.

Бруталниот напад врз жената го виделе неколку луѓе.

Полицијата веднаш реагирала и го уапсила насилникот, но Обвинителството не му одредило притвор, туку бил брзо пуштен на слободна со прекршочна казна во износ од 15.000 денари.

Полицијата потоа повторно изреагирала, а после промената на обвинителот, силеџијата бил осомниќен за нанесување на тешки телесни повреди.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2020 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега