Вознемирувачко видео: Во што се претворивме - возач загинува после сообраќајка, а очевидец снима и се смее

Непознат маж настрадал вчера во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Мостар-Јабланица кај местото Грабовиц.

Сообраќајката се случила кога човекот удрил во автобус и за жал, загинал.

Зад несреќниот човек возел автомобил во кој имало неколку луѓе кои ја снимиле целата сообраќајна несреќа.

Меѓутоа, она што предизвика бура реакции на друштвените мрежи се коментарите кои се слушаат на снимката, а се однесуваат на несреќата. Имено, авторот на снимката, цело време коментира, а откако се случува сообраќајката, упатува неколку непримерни коментари на сметка на возачот, па дури и се смее.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега