Вознемирувачко видео: Тинејџер до смрт бил избоден во Њујорк - сведоците снимале, наместо да помогнат

Набрзо откако завршила наставата, во понеделникот во близина на средното училиште „Оушнсајд“ во Њујорк, се случило убиство.

Група тинејџери го нападнале и претепале 16-годишниот Кашини Морис.

Кашини бил избоден пред цела група тинејџери.

Еден од напаѓачите повеќе пати го прободел со нож во градите.

Морис починал во болница од здобиените повреди, а неговиот убиец бил уапсен. Станува збор за 18-годишниот Тајлер Флеч кој, како што наведува полицијата, Морис го убил од љубомора. Се сомневал дека се обидувал да му ја земе девојката.

Полицијата соопштила дека на местото на нападот имало најмалку 50 тинејџери, но никој не се обидувал да му помогне. Биле зафатени со снимање на убиството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега