ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Сириски бунтовник откорнува срце на мртов војник

По социјалните мрежи се појави видео во кое може да се забележи како сириска бунтовничка група откорнува срце на убиен човек во униформа на владините војници, а потоа и го јаде. Според организацијата „Хјуман рајтс воч“, ваквото дело само ја потврдува суштината на граѓанскат војна во Сирија дека истата има убиства мотивирани од омраза. 

Според нив мажот на видео записот е основачот на бунтовничката група „Бригада Фарук“, Абу Сакар, чиј идентитет го потврдиле и бунтовнички извори во Хомс.

- Се колнам во Алах дека ќе го изедам срцата и црните дробови на војниците на кучето Башар - вели Абу Сакар на снимката, додека неговите соборци извикуваат „Алах е голем“. Петер Букерт од „Хјуман рајтс воч“ оценува дека постапката на Абу Сакар претставува воено злосторство. Според Букерт, Абу Сакар во нецензурираната снимка ги повикува бунтовниците да ги испозаколат алавитите и да им ги извадат срцата за да ги изедат.

најчитано сега