Вознемирувачко видео: Мајка си ги фрла четирите деца од прозор од третиот кат за да ги спаси од пожар

Светот го потресе снимка од мајка од Истанбул кој своите 4 деца ги фрлила низ прозорот од станот од третиот спрат за да ги спаси од пожар.

Повеќе од десетина граѓани се собрале пред зградата во која горел стан и рашириле ќебе и церада за да можат да ги фатат децата кои мајката со солзи во очите ги фрлала за да им го спаси животот.

Луѓето врескале во паника и ја молеле мајката да не ги фрла децата.

Турските медиуми јавиле дека децата поминале без повреди, а дека мајката кратко била хоспитализирана.

Пожарот, како што наведуваат медиумите, избил од табла со осигурачи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2021 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега