Вознемирувачко видео: Колабираше балкон на Малибу - 10 луѓе паднаа на карпи

Десет луѓе се повредени, од кои двајца се наоѓаат во критична состојба откако балкон колабираше на плажа на Малибу.

Инцидентот се случил за време на забава кога на балконот имало 10 луѓе.

-Група луѓе беа на балконот и слушнавме како пука нешто. Ги видов моите најдобри пријатели и девојка како паѓаат од височина од 4,5 метри на карпите. Јас дури и не знам како се случи тоа, изјавил еден од присутните на роденденската забава.

Сопственичката на куќата која ја изнајмува за туристи за забави вели дека таа е оштетена бидејќи внатре имало 30-тина лица, иако било дозволено да има само шест. Изјавила дека нејзијата куќа е „вандализирана“ и останала без балкон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.05.2021 - 23:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега