(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Фатен на камера моментот од силниот земјотрес во училиште во Индонезија

На социјалните мрежи се појави драматична снимка од земјотресот во Јава, зградата се урива додека ученички се обидуваат да избегаат.

Меѓу жртвите има и многу деца кои загинаа кога нивните училишта се урнаа.

Бројот на загинати во земјотресот во Индонезија со јачина на ударот од 5,6 степени, се зголеми на 268, а 151 лице се водат како исчезнати, покажаа податоците на агенцијата за справување со катастрофи на земјата, додека претседателот Џоко Видодо вети обнова на оштетените домови, пренесе германската новинска агенција ДПА.

Земјотресот е регистриран во близина на градот Чианџур, на околу 100 километри јужно од Џакарта, а бил почувствуван и во главниот град, каде луѓето панично истрчувале од зградите.

22.11.2022 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега