Вознемирувачко видео: Ајкула изеде турист во Хургада

Ужас во познатото египетско летувалиште Хургада. Ајкула нападна млад Русин (23) додека пливал во водата.

Со момчето била и неговата девојка, која за среќа успеала да побегне.

Туристите со ужас од брегот гледале како тигарската ајкула го нападнала човекот пред да успее да го одвлече во водата. Туристот е по потекло од Русија и, според медиумите, долго време престојувал во Египет.

Неговиот татко го гледал фаталниот напад додека очајно извикувал „Тато, тато“ а предаторот го ловел, пренесува „Сан“.

На снимката која кружи на интернет се гледа како неговата девојка хистерично плаче на плажа додека случајните минувачи се обидуваат да ја утешат по грозоморната сцена.

На туристите кои го посетуваат одморалиштето забранет им е влез во водата.

09.06.2023 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега