Деветнаесетгодишен моторџија го загуби животот по тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчеравечерта во 22:21 часот било пријавено дека на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „ауди А4“, управувано од Н.Х.(31) од село Визбегово, мотоцикл „БМВ“ управуван од М.Ф.(19) од Скопје и мотоцикл „Хонда ХДВ“ управуван од Н.Б.(21) од Скопје
Во несреќата тешки телесни повреди добил 19-годишниот М.Ф., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ф., констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, каде подоцна починал, а од страна на лекар констатирана била смрт“, соопшти МВР.
По наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот Н.Х. бил лишен од слобода.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.


