Вознемирувачко фото: Работник во пристаниште спасен од морето по 30 часа од експлозијата во Бејрут

Работник на пристаништето во чија близина се случи експлозијата во Бејрут бил пронајден жив во морето по речиси 30 часа од несреќата.

Амин Ал-Захед бил примен во болница откако бил спасен од Средоземното Море. Фотографии од спасувањето биле објавени на профил на „Инстаграм“ кој бил создаден за да лоцира исчезнати жители во експлозијата

Не биле објавени детали за состојбата на Амин и за начинот на кој успеал да преживее во водата толку долго по експлозијата, која уби најмалку 137 луѓе и повреди околу 5.000.

На фотографијата се гледа како тој лежи на палуба на спасувачки брод со крвави завои на главата и на други делови од телото. Фотографијата може да ја видите тука (содржината може да биде вознемирувачка).

Во меѓувреме беше спасено девојче кое било затрупано 24 часа, како и маж кој поминал 10 часа под урнатините на пристаништето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега