Вознемирувачки факти: Ако коронавирусот ви ги начнал белите дробови, тоа е како да сте пушеле 10 или 20 години

Еден сајт за проверка на факти ги провери наводите на социјалните мрежи, според кои луѓето кои се опоравуваат од ковид-19 имаат поголеми оштетувања на белите дробови отколку долгогодишните пушачи. Заклучокот е следниот – тоа зависи од степенот на оштетувањето на белите дробови, но тврдењето општо земено е точно!

Истражувачите за верификација разговарале со двајца пулмолози, лекари специјализирани за респираторниот систем: д-р Панагис Галијацатос од Медицинскиот факултет Џон Хопкинс и д-р Мајкл Метхај, професор по медицина на Универзитетот во Сан Франциско, Калифорнија.

– Тешката ковид белодробна состојба би била полоша од пациент кој пуши. Белите дробови кај полесните случаи се како пациентот да пушел една деценија – тврди Галијацатос.

И Метхај се согласува со ваквото мислење:

– Пациентите кои имале оштетување на белите дробови од ковид-19 и пневмонија, особено во обете белодоробни крила, дефинитивно имаат полоши бели дробови, радиографски и функционално, отколку некој што пуши цигари веќе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2021 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа