Вознемирувачка снимка од напад на српски бизнсмен во Будва: Му барале рекет од 120.000 евра

Црногорските медиуми објавија видео снимка од како Милан Калоштровиќ напаѓа бизнисмен од Србија, на 24. август во Будва.

Против Калоштровиќ е покранот обвинителен предлог, а на товар му се става кривично дело - самовластие. Од црногорската Управа на полицијата денеска беше соопштено дека полицијата поднела кривична пријава против Калоштровиќ.

Се наведува дека во Центарот за безбедност Будва, на 25. август службеник на тиватското Одделение за безбедност проследил пријава која ја поднел С.К. Објаснил дека тој во пријавата навел дека престојувал во еден угостителски објект во Будва и дека на неговата маса пришол Калоштровиќ.

„М.К. како што навел во пријавата бил однесен од С.К. во внатрешноста на блискиот продажен објект каде му се заканувал и од него барал да му даде 120.000 евра. Во наводите пишува дека С.К. му задал повеќе удари на М.К. во пределот на главата“, наведува Управата на полицијата.

Додаваат дека С.К. потоа се вратил во угостителскиот објект каде недолго потоа дошол Калоштровиќ со уште неколку лица и седнал на маса и продолжил да му се заканува, недозволувајќи му да го напушти објектот.

Погледнете ја снимката:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.10.2020 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега