Возиме поскап дизел - Нови цени на горивата во Македонија

Бензинот Еуросупер БС – 95 поевтинува за половина денар, а за тој износ поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинства, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), вчера.

Новата цена на литар Еуросупер БС-95 изнесува 66,5 денари, а Еуросупер БС-98 и натаму ќе се продава по 69 денари.

Литар еуродизел (ДЕ V) ќе чини 61,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ01) по 51,5 денари.

Цената на мазуотот М-1 HC  се намалува за 0,664 денари за килограм и ќе изнесува 31,147 денари.

Малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 0,21 процент. Одлуката на РКЕ е донесена врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарт во однос на доларот во изминатите седум дена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега